Кој и како дозволува државните земјишта да се узурпираат и на сметка на истите да се профитира, анализира ТВ24, откривајќи дека паркинг простор, кој се наоѓа на самиот влез од Старата скопска чаршија, веќе долги години успева да опстојува на државно земјиште.

Но, наместо државата, како сопственик на земјиштето, да води грижа за истото долги години дозволило физичко лице да води грижа за државното земјиште на кое пак си поставил рампа и наплаќа 50 денари од час за секој еден кој решил да го искористи просторот и да го паркира своето возило.

Покрај тоа што е државно земјиште истото се наоѓа и во зоната на заштитено подрачје со што се отвора и прашањето како државните институции долги години дозволиле пред нивни очи физичко лице да постави рампа и да профитира.

Дека се работи за државно земјиште кое се наоѓа во заштитено подрачје потврдија и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Од таму велат дека физичко лице си дозволил да го узурпира државното земјиште и да постави рампа за паркинг простор.

Повеќе на ТВ24



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.