Кому му пречеше електричниот тротинет што секој граѓанин може да го искористи за побрзо да стигне до својата дестинација наместо да пешачи по топлото време, за уредот да биде фрлен во одводен канал.

Вакво е прашањето што во неверување и шок и си го поставуваат граѓаните на Козле, каде што се случи овој вандалски чин.

Во несфатлив излив на простотилак, некој го земал електричниот тротинет од тротоарот, го кренал преку оградата на мостот над каналот и го фрлил во каналот.

Така настанаа и жалните фотографии од некултурата на дел од македонските граѓани што ги пренесуваме.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.