Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска донесе одлука да се додели соодветна награда за скопските пожарникари за нивната брза реакција и ефикасна интервенција при вчерашното успешно справување со огнената стихија во поранешната фабрика „Треска“.
Пожарникарите се хероите на нашиот град. Во знак на благодарност за нивната пожртвуваност и високото ниво на професионалност, донесов одлука да бидат соодветно наградени, како одраз на поддршка за заштитата на Скопје и скопјани. Пожарот со кој во текот на вчерашниот ден се соочи противпожарната бригада беше со висок ризик, од голем размер кој тие брзо го локализираа без жртви и повредени. Со експресна реакција и повеќечасовна борба со огнената стихија го локализираа силниот пожар и ги заштитија имотите и животите на нашите сограѓани. Градот Скопје и граѓаните ви се благодарни, истакна Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.