Од иницијативата „На точак“ повторно реагираат со цел изнаоѓање на инфраструктурни решенија кои помагаат во зголемување на безбедноста во сообраќајот за сите учесници.

Сообраќајните знаци и кампањи функционираат само за некои луѓе и само понекогаш. Казнената политика функционира само кога полицијата е присутна, кога не е, пак се враќаат работите по старо, а инфраструктурните решенија функционираат во 100 % од времето и за 100 % од луѓето, велат „На точак“.

Тие предлагаат инфраструктурни решенија на сите улици (соодветни на категоријата) и систем од камери на главните улици.

-Ако сакаме безбедни улици, мора да се заложиме за такви решенија. Во документот ВизијаНула кој треба да го донесе Град Скопје треба да се содржат и препораки за различни категории на улици: каталог на мерки кои треба да се применат за различно брзинско ограничување: 20, 30, 50 km/h, порачаа од иницијативата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.