Во ноќните часови на Божик никна минаре во скопската населба Злокуќани, пренесува „Сител“. Објектот, кој е дивоградба, веќе функционира како џамија, каде се одржуваат верски обреди. Староседелците поголго време реагираат на бесправното градење, бидејќи дивоградба не е само џамијата, туку и многу од куќите наоколу, кои, како што велат, најинтензивно се граделе во време на избори.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, за телевизијата потврди дека џамијата се гради бесправно и вели дека околу неа има три и пол метарска бетонска ограда и затоа не се гледа од надвор што се гради. Јакимовски објаснува дека ноќта на Божик се градело минарето, кое всушност се издигнало над оградата и сега веќе се гледа од секаде. Градоначалникот тврди дека ја стопирале изградбата. Раководител на општинскиот инспекциски надзор веќе излегол на терен и одговорните се повикани на средба во општината утре наутро.

Од Исламската верска заедница за „Сител“ нема официјален одговор дали тие стојат зад изградбата на овој верски објект, бидејќи одговорното лице за тој регион бил на пат.

„Сител“ се обиде да добие одговор и од оџата од новата џамија во Злокуќани, но тој не сакаше да разговара со новинари.

Инаку, мештаните не се жалат само за џамијата. Тие веќе подолг период имаат проблеми со новодоселените бидејќи секојдневно пуштале премногу гласна музика. Се жалат и на неподнослива миризба поради тоа што новите соседи, кои во последните неколку години масовно се доселуваат во населбата, често горат пластика, гуми и кабли.

Само во последните две години поднеле над 200 пријави до Полицијата, но решение за проблемот нема. Не сакаат да зборуваат пред камера бидејќи се соочуваат дури и со физички напади од новодојденците.

Ако надлежните не го решат проблемот, најавуваат блокади и протести.

Повеќе на „Сител



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.