Екс соработник на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска Умејр Мухамеди ја обвини Левица дека денеска соработува со СДСМ и ДУИ.

Мухамеди кој предходно зборуваше за криминал и корупција во Град Скопје денеска коментира на статус на портпаролот на Левица Амар Мециновиќ кој го обвини ВМРО-ДПМНЕ за пратките на возачите на ЈСП со што Скопје остана без градски превоз.

Според Мухамеди срамота е што Лавица застанала зад СДСМ и ДУИ. Тој бара Левица да ги извади извештаите за трошење пари во ЈСП и град Скопје и списоците за вработување во градот.

Мухамеди вели дека е недозволиво што Левица за две установи кои ги води во Градот Скопје молчи за бројните вработувања на луѓе од ДУИ и за фамозен тендер без рабат на фирмата пратеник на ДУИ Пуцко Петрол.

Мухамеди реагира на следниот статус на портпаролот на Левица Амар Мециновиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.