Со натпреварот меѓу ООУ „Лазо Ангеловски“ и ООУ „Браќа Миладиновци“ денеска започна првата училишна спортска лига во женска одбојка на територија на Општина Аеродром.

Преку секојдневна комуникација со лицата задолжени за организација на ваквите натпреварувања правиме спортот да го врати стариот сјај со директна поддршка од Општината. Ставаме акцент на учениците од основните училишта и правиме сè во наша надлежност за нивно добро. Нашата општина повторно ќе вложува во спортот и истиот ќе биде достапен за секое дете во Општина Аеродром, порача денеска градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, кој присуствување на спортскиот настан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.