Од 13-ти до 17-ти април Општина Аеродром е домаќин на завршниот турнир од АБА 2 лигата. Големо е задоволството да бидеме домаќини на овој турнир кој е добра можност за нашиот МЗТ Скопје, соопшти на својот фејсбук профил градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.
Овој турнир е од хуманитарна природа, средствата од билетите ќе бидат наменети за фондацијата Марко Божиновски која се грижи за спортот во Аеродром. Очекуваме одлична спортска атмосфера и полни трибини. Воедно, искажуваме благодарност за помошта на Град Скопје и АБА 2 лигата која ни ја довери организацијата.
Се надевам на пласман во АБА 1 и враќање на актуелниот македонски првак таму каде што му е местото! Се гледаме во сала!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.