Во градењето на успешна општина посебно влијание има спортот и спортските настани кои се во интерес на жителите од нашата општина. Оваа година за првпат се организира ракометниот турнир „Марко Божиновски“ во истоимениот спортски центар, а ние даваме максимална поддршка. Станува збор за интернационален проект каде кадетските екипи имаат можност да ги докажат своите квалитети, a и младите спортисти можат да се докажат пред пошироката публика, вели градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
Како локална власт, а и како поединец давам целосна поддршка за Фондацијата Марко Божиновски. Досега направивме многу за овој спортски центар, но тоа не завршува тука. Во следниот период следат дополнителни инвестиции за спортскиот центар, а заедно со луѓето кои го организираа овој настан ќе направиме сè за истиот да прерасне во традиција.
Ми претставуваше задоволство да бидам дел од отворањето на овој турнир. Само преку ваквите настани можеме да го негуваме спортскиот дух во нашата општина, да го доближиме ракометот до младите во Општина Аеродром, а и само така вечно ќе живее ликот на ракометарот кој прерано нè напушти, Марко Божиновски, додава Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.