Во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа, гостуваше градоначалникот на Општина Аердром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски кој истакна дека без никаков сомнеж прв приоритет му е Општина Аеродром и проектите кои ги работат.

Имаме многу предизвици пред нас, во првата година направивме многу. Има многу работи кои ги вративме во колосек по 4 години неработење и многу успешни проекти, можеме уште подобро и втората, третата и четвртата година ќе бидат уште поуспешни од првата година, рече Муцунски.

Тој посочи дека претходната недела започнале а наредената недела ќе завршат со доделување на таблет уред на дечињата кои се во 4-то одделение.

Предизвиците со кои се соочуваме ние како општина се намалени дотации и трансфери кај градинките и основното образование. Ние оваа година реализиравме нула дополнителни трошоци во градинките, иако имаме намалени дотации и трансфери од централната власт, изјави Муцунски.

Муцунски потенцираше дека власта прави се што е возможно да создаде проблем на општините.

Често пати партијата која е на власт вели да се создаде консензус и обединување, но како ќе се создаде консензус и обединување кога се прави се што е возможно за да се создаде проблеми на општините, дециден е Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.