Секогаш е задоволство кога се присуствува на вакви настани, кога можете да сведочите на нешто кое претходно сте го ветувале, како што градоначалникот во кампањата за локалните избори во 2021 година ветуваше. Од она што можев во еден неврзан разговор пред да ја дадеме оваа изјава, е дека повеќе од 60-70% од она што е ветено во таа кампања е и реализирано, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој денеска беше во посета на Општина Карбинци.

Истакна дека градоначалникот Паунов е оптимист, заедно со администрација овде заедно со луѓето кои се дел од тимот на Општина Карбинци е дека до крајот на втората година, практично во истекот на втората година од неговиот мандат како градоначалник речиси и ќе исполни целата програма која што ја ветуваше во кампањата за локалните избори во 2021 година.

Слушнавме дека ќе имаме и градежна офанзива и оваа пролет и лето, временските прилики се добри. Денеска се завршува со асфалтирање на оваа улица, видовте дека граѓаните се задоволни бидејќи после децении газење кал, сега имаат можност да видат еден исклучително квалитетен градежен објект, со тротоари, со атмосферска канализација, со нов асфалт. Продолжуваме да градиме, онаму каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници продолжува да биде пример како треба да се гради најрпвин својата општина, а потоа и како ќе ја градиме Македонија после следните предвремени парламентарни избори. Јас само можам да охрабрам и да посакам уште многу вакви проекти да бидат реализирани и граѓаните овде во Општина Карбинци, иако мала општина, но со огромен потенцијал, да бидат задоволни од тоа што градоначалникот заедно со неговиот тим ќе им го работат, нагласи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.