Тука сум со Дарко Костовски со градоначалникот на Бутел, но исто така заедно со сите градоначалници на скопските општини, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Гази Баба. навистина жалосно е ова што се случува да во 21 век во главниот град на Македонија сме пред, би рекол, зараза која може да ги зафати скопјани и главниот град. Жалам што сето ова се случува и она кое можат да го направат градоначалниците од скопските општини, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го прават заедно со помош и поддршка од страна на градоначалниците од другите општини во Македонија – изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој посочи дека градоначалникот на Бутел Дарко Костовски побарал помош и механизација од градоначалникот на општина Велес, Марко Колев. Колев изпратил и механизација во општина Ѓорче Петров, благодарност до Марко.
Градоначалниците на Сопиште и Кавадарци, Стефче Трпковски и Митко Јанчев помагаат во општина Кисела Вода да може да се исчисти сметот што се акумулирал изминативе денови поради веќе познатите состојби во ЈП Комунална Хигиена Скопје. Борче Митевски од Петровец и Александар Ѓорѓиевски од Илинден помагаат во општина Гази Баба. Исто така градоначалникот на Штип Иван Јорданов помага во општина Аеродром со механизација за да може да се исчисти сметот кој изминативе денови е одложен, а за жал поради настанатата ситуација во ЈП Комунална Хигиена не е собран – рече Мицкоски.
Тој упати апел до надлежните да ги надминат недоразбирањата.
Упатувам апел надлежните да ги надминат сите оние проблеми кои се случуваат и навистина да им дадат услуга на скопјани онаква каква што заслужуваат, бидејќи на крајот од денот тие за ова издвојуваат од скромниот Буџет, плаќаат за да можат да добијат хигиена онаква барем каква што треба да има еден главен град во 21-век. Апелирам и до Владата да се вклучи да помогне, исто така апелирам и до останатите градоначалници во Скопје кој не се од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да се вклучат и да се вклучат во чистење на овој смет и да можат да го одложат.
Не далеку од Скопје е депонијата „Дрисла“ се надевам дека ќе се наиде на разбирање од надлежните во депонијата „Дрисла“ да се одложи овој смет бидејќи тоа им е потребно во овој момент на скопјани, а акцијата ќе продолжи во текот на целата вечер и се надевам дека утре веќе овој проблем ќе биде надминат, оваа алармантна состојба ќе биде надмината и ќе може непречено да се одвива работата и на ЈП „Комунална Хигиена“ но и на останатите општини во Град Скопје – додаде Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.