Практично оваа акција ние ја именувавме биди дел од промените кои иднина носат, затоа што секогаш ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија покажува еден вид на нов пристап кон управувањето на институциите, така и оваа акција кај за прв пат се случува во Македонија, од нејзината самостојност до денес. Едно транспарентно и отчетно работење, најпрво со отчетите а сега и со ваквиот начин на транспарентно собирање на идеи. Повеќе од 450 идеи во текот на вчерашниот ден се собрани, дел од тие идеи ќе бидат вклучени и инкорпорирани практично во буџетите за следната година на општините, што не прави задоволни бидејќи навистина гледаме еден интерес кај граѓаните да видат дел кои што ќе донесат иднинал изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Продолжуваме и следниот викенд сабота и недела, општините ќе бидат отворени од 11 до 14 часот за граѓаните кои што ќе сакаат да предложат идеја која што ќе биде составен дел од буџетот за следната година. А истото можат да го сторат и на веб станицата budzet.mk и таму ќе можат да аплицираат, да пријават идеја и потоа се разбира дека дел од тие идеи општините ќе ги вклучат во буџетите за следната година.
Овде во Гази Баба ќе има многу проекти, кажа градоначалникот имаме нова градинка во Трубарево, имаме спортска сала во Булачани, имаме многу канализација фекална и атмосферска, имаме многу улици, имаме повеќе од 30тина улици кои се предвидени за следната година, и на тоа како додадена вредност се идеите на граѓаните.
Така што продолжуваме да иновираме, продолжуваме транспарентно и отчетно работење бидејќи граѓаните заслужуваат да донесеме иднина и да покажеме дека не сме сите исти, и ние како ВМРО-ДПМНЕ сме партија која што секогаш го слуша народот и работи за интересот на народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.