По направените проверки утврдено е дека се лажни сите пријави со закана за поставена експлозивна направа во училиштата во Скопје и Куманово, што пристигнаа денеска на нивните електронски адреси, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, наведуваат од МВР.

Дојави за бомби попладнево пристигнаа на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и осум во Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.