Јавното претпријатие за третман на улични кучиња „Лајка” денеска организира отворен ден на кој граѓаните ќе имаат можност да се дружат или да вдомат домашен миленик.
Отворениот ден ќе трае од 11 до 15 часот, а посетителите и потенцијалните вдомувачи на куче ќе имаат можност да се запознаат подобро со кучињата за кои се заинтересирани и да ги добијат сите детални информации и одговори на нивните прашања.
Од ЈП „Лајка” најавуваат дека отворените денови планираат да ги организираат еднаш во текот на секој месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.