Од Јавното претпријатие „Лајка“ информираат дека и оваа работна недела продолжуваат со стратешко заловување на кучиња скитиници низ општина Центар.
Нашиот тим на заловувачи оваа недела (27 – 31 март) ќе заловува во општина Центар. Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овој реон а кое го нема поминато хуманиот третман. Заловувачкиот тим ќе ги посети следниве локации: бул. Илинденска, Градски парк, Клинички Центар, ул. Самоилова итн, пишува во соопштението на ЈП „Лајка“.
Доколку граѓаните од гореспоменатата општина имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите може да се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или пак да пријават на info@lajka.com.mk, но и сами да го донесат директно во ЈП „Лајка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.