Се започна со градењето на комплексот „Македонија“.

Градоначалникот на Општина Бутел на официјалната Фејсбук страница објави фотографии од почетокот на градењето на како што рече, „еде од најубавите спортско-рекреативни центри во градот“. Имено, денеска започнаа градежните работи за комплексот „Македонија“ кој ќе се наоѓа во Радишани.

Комплексот „МАКЕДОНИЈА “ кој ќе се наоѓа во Радишани ќе содржи фудбалско игралиште со врвно квалитетна вештачка трева, игралиште за баскет со специјална подлога, модерно детско игралиште со мека подлога, зона за уличен фитнес, нов паркинг, нова парковска содржина, нова ограда и ново лед осветлување. Најспортската општина во Македонија добива нов лик, општина Бутел целосно се менува! Ветеното го реализираме – напиша Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.