Кој повторно ги брчка рачињата во медот е темата , имено по целокупниот хаос кој владее од неспособното менаџирање на јавните претпријатија во Скопје под менторство и кадри на Градоначалничката Арсовска , за жал дојдоа на ред да страдаат и животните, напиша на својот фејсбук профил Стефан Кирков.
За жал , деновиве сме сведоци на голем преседан и под сомнение за организиран криминал и сето тоа од новите кадри поставени директно од Арсовска поточно директорот на ЗОО Скопје Г-динот Драган Илиевски.
На интернет платформата и социјалните мрежи може да видиме како животни од Скопската Зоолошка се продаваат по пет шопови , приватни зоолошки без дозволи , и на физички лица.
Лемурите од Скопската ЗОО верувале или не се на продажба , тоа е заштитен вид на животно кое е забрането да се чува како домашен миленик, за него треба да се поседува посебни услови и многу едукација и документација. Единствено ваков тип на животни имаме во Скопската ЗОО и се прашувам како по само неколку месеци од новиот директор поставен од Арсовска ваков тип на животни смее да искачаат од Скопската ЗОО и ке повторам ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ истите да се продаваат на црниот пазар на оглас!
Го проверивме и фактот дека во последниве неколку години барање за влез односно увоз на животно Лемури во Македоније не е побарано од никого, тогаш Јавно го прашувам директорот на ЗОО , како , зашто и по кој основ се излезени Лемурите од Скопската ЗОО и ги гледаме по огласите на интернет и истите се за продажба, дали со негово одобрение и одобрение на Арсовска истиве се продадени и дали постои евиденција на тоа колку Лемури неодстасуваат во Скопската ЗОО !
Моите сомнежи се поткрепени со извадени скринови од огласи каде Лемурите се на продажба па од тука директно се сомневам дека овде се работи за организиран криминал и барам веднаш Министерството за внатрешни работи да покрене постапка и истрага , Агенцијата за храна и ветерина да искочи на терен и да ги заплени овие животни кој се чуваат во приватни кафези по ресторани и фарми како што можете да видите од фотографиите .
Ако се јавите на бројот , ви кажуваат дека лемури се на продажба и истите можат да се видат кај нив и во Скопската ЗОО каде им ги чуваат замислете…. еден пар чинел 5000 евра и немале никаква документација , ги продавале како домашни миленичиња за со деца…….за ова посесувам и докази кој на барање на МВР и органите можам да им ги дадам .
Данела Арсовска , дали вие знаете дека животни Ви се продаваат од институцијата која е под вас и во која назначивте машински инжињер за директор ? Чиви рачиња се во мед , неговите, вашите ?
Барам подршка и итна мобилизација од сите друшства за заштита на животни веднаш да ја превземат оваа информација и иницијатива и лемурите да се вратат онаму како што им е местото а тоа е во Скопската ЗОО и да се најдат виновниците и соодветно ригорозно казнат за ваквиот криминал а директорот на ЗОО Скопје веднаш да одговори на овие сомневања и да си поднесе оставка !
Исто така , после целиот овој преседан , имаме право да се сомневаме дека од Скопската ЗОО освен Лемури се продаваат и други егозитчни животни кој се и треба да бидат единствено само во Зоолошка Градина, барам веднаш да се направи координативно независно тело кое ќе направи целосна ревизија на сите животни кој се и треба да бидат дел од Скопската Зоолошка.
Непрофесионалниот кадар поставен од Арсовска за жал доведува да страдаат и животните во градот , од една ЗООлошка која беше најпосетувана институција во последните години , за само неколку месеци од новиот кадар на Арсовска истата стана ќука на стравот каде страдаат животните и вработените во неа , стана место од каде на пазар се продаваат животни низ организиран криминал.
Ова не беше во програмата за модерно Скопје за кое Арсовска ја доби подршката , ова е за секоја осуда и за оставка од Арсовска и нејзините неспособни кадри и на крај , секако одговорност мора да има и ќе има !!!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.