Родителите на децата кои одат во основното училиште „Братство“ во Општина Карпош се затечени од соопштението што се споделува во училиштето, а со кое се бара децаа да дојдат облечени во шарени бои на 31 март и на 3 април за да го прослават Меѓународниот ден на аутизмот, 2 април, кој се паѓа в недела.
Она што ги револтира родителите, е што 31 март, всушност е Меѓународен ден на видливоста на трансродовите лица, и родителите сметаат дека на овој начин се манипулира со нивните деца.
Советот на родители најостро реагира на манипулативноста со која се служи училиштето и наставниците на 31 март децата да дојдат облечени во шарени бои со што ги поттикнувате на прифаќање на нешто неприродно, ненаучно и сосема надвор од нашите традиционални вредности и сфаќања. Сметаме дека овој повик е безобразан и срамен! Дали можеби имавте в план да им поделите и знаменца во бои на виножитото? Свесни ли сте дека ја поддржувате трансродовата агенда, велат родителите во реакцијата до училиштето.
Родителите преку наставниците биле известени денеска дека в петок на 31март 2023 г. се охрабруваат децата да дојдат облечени во „разновидни бои за да се прослави убавината на различен спектар на човечкиот ум“, а в понеделник на 3 април 2023 г. облечени „во црвено заради поддршка на децата со аутизам“.
Разбираме дека можеби не се има познавање за горенаведените факти, но нејасно е како училиштето стимулира вакви нешта без претходно да истражи, за што се потребни пет минути и интернет врска. Бараме ПОД ИТНО да се отстрани соопштението од училиштето и на сите наставници и ученици да им се каже дека тоа што претходно им е соопштено за петок, 31.3.2023г., НЕ ВАЖИ! Доколку утре, 29.3.2023 наведеното соопштение не биде отстрането и не бидат наставниците и учениците известени дека кажаното за петок да дојдат облечени во шарени бои не важи, Ве известуваме дека сите медиуми ќе бидат известени за оваа манипулација, стои во реакцијата на родителите, испратена денеска и до медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.