Советот на Град Скопје на денешната седница ја потврди иницијативата поднесена од страна на Општина Аеродром, а која се однесува на новиот Регулациски план за Реонски центар и населба Лисиче.
Со оваа одлука, се потврдува нашата иницијатива за бришење на вкупно 4 градежни маркици на посочените локации. Две од маркиците на кои претходно беа планирани згради сега се претворени во земјиште на кое ќе има парк од 6.000м2, додека другите две од станбено-деловен простор стануваат објекти за образование.
Дополнително, одлуката на Советот за потврдување на нашата иницијатива, конечно ги создава правните предуслови за отпочнување на процесот за изградба на Спортскиот центар „Пирин“ во Населба Лисиче.
Промените во начинот на владеење во Аеродром се случуваат. Ја исполнуваме нашата заложба да продолжиме со хуманата урбанизација и да го оправдаме епитетот на прва општина што пренаменува маркици од згради во паркови и објекти од корист за сите граѓани!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.