По објавите на социјалните мрежи дека во барака веднаш до ОУ ,,Коле Неделковски” има дивовселено лице, кое според сознанијата на МВР и тамошните жители има проблеми со алкохолизам, но и психо-физички здравствени проблеми, инспекциските служби на Општина Центар заедно со полициски службеници од ПС „Беко“, извршија увид на местото.

Од Општина Центар информираат дека хигиеничарите на ЈП ПОЦ го исчистиле објектот и од него отстраниле душек, кебиња и други предмети, по што истиот е затворен со лимени плочи со кои е спречен секаков натамошен пристап.

Станува збор за државно земјиште и бидејќи Општина Центар нема механизми и законски можности, испратени се и дописи до Министерството за труд и социјална политика, ПС „Беко“ и МВР за понатамашно постапување, соопштија од локалната самоуправа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.