На предлог на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, советниците на општинскиот совет на денешната 1-ва вонредна седница едногласно ја изгласаа Одлуката за доделување парични средства за настраданите од земјотресот во Република Турција и Сирија.
Финансиската помош од страна на Општина Центар во износ од 500.000 денари ќе биде донирана на посебна сметка на Фондот за солидарност на Црвениот Крст на Република Македонија и овие средства се доделуваат за хуманитарна помош во знак на солидарност за настраданите и нивните семејства во Република Турција и Сирија.
„Во овие тешки денови за населението на Турција и Сирија, каде животите ги загубија речиси 16.000 жители, хуманоста и помошта се неопходни за побрзо и полесно справување со последиците и штетите настанати од разорниот земјотрес. Затоа би сакал јавно да апелирам до сите граѓани да се мобилизираме и да се вклучиме со донации за помош и поддршка за настраданите “, изјави Герасимовски.
Средствата од Одлуката за доделување финансиски средства се издвојуваат од постојаната резерва на Буџетот на Општина Центар за 2023-та година, соопштија оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.