Бојан Христовски, претседател на Градскиот комитет при ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „За или против“ што се емитува на телевизија Алфа се осврна на ситуацијата во градот и скопските општини обвинувајќи дека подолг период градоначалничката Данела Арсовска работи заедно со СДСМ, ДУИ и Левица.
Заедно со ДУИ и Левица ја поддржувате Арсовска и тоа може да се види и на последната седница на Советот на Град Скопје. Имаше една таква синергија и поддршка за Арсовска и нејзините директори, нивните извештаи, а ништо не е направено, рече Христовски обраќајќи се на Васко Кичевски, прв човек на Градската организација на СДСМ кој беше дел од дебатата.
Христовски се осврна на низата лаги на градоначалничката Арсовска.
Истата таа го напаѓаше тогашниот директор на Водовод за Договорот за пречистителна станица. Па таа го потпиша истиот Договор, истиот оној за кој го напаѓаше тогашниот директор. Понатаму директор на ЈСП беше од редовите на СДСМ, рече Христовски.
Зборувајќи за капитални проекти тој се осврна и на Универзалната сала за која како што рече „многумина таму ги живееле поубавите моменти“ и оти истата не успеа да ја направи претходниот градоначалник Петре Шилегов кој имаше поддршка и од извршната власт.
Христовски се осврна особено на хигиената на централното градско подрачје или на општина Центар. Тој го покани Кичевски едно утро да поминат низ централниот дел на градот и да ја видат заедно хигиената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.