Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, поднесе предлог до Советот, Градот Скопје да помогне со хуманитарна помош за граѓаните на Украина во износ од 7 милиони денари.

Оваа одлука за хуманитарна помош е израз на солидарност за граѓаните на Украина зафатени со воениот конфликт.

-Живееме во турбулентни времиња соочени со големи предизвици. Никој не сака конфликти и страдања, да се обидеме да помогнеме колку што можеме. Скопје е град на солидарноста и ние скопјани најдобро знаеме колку значи кога ќе пристигне хуманитарна помош кога е најпотребна, особено за лицата кои кои останаа без своите домови, изјави Данела Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.