Град Скопје, преку соопштение ги известува сите граѓани дека ќе пристапи кон реализација на решенијата за забрана на користење на средства неплатени обврски кои не се подмирени по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година.
Со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги платиле своите обврски, во постапка за присилна наплата, како и да се избегнат непотребни оптоварувања кои ќе произлезат од блокадите во банките, потребно е сите со неплатени обврски по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година да ги подмират во најкраток можен рок, а најдоцна до 10.11.2022 година, информираат од Градот.
Оттаму велат дека се известуваат сите физички и правни лица дека може да проверат дали се подмирени обврските по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година со регистрирање на апликацијата за даноци на интернет порталот на Град Скопје (www.skopje.gov.mk).
За сите прашања и информации сите физички и правни лица можат да се обратат до Сектор за даноци на имот и комунални такси на следните телефонски броеви
02/3297-296, 02/3207-546 и 072-204-434,
како и на следните е-маил адреси:
Anita.Nakov@skopje.gov.mk,
NuredinNuredini@skopje.gov.mk,
Gabriela.Spasova@skopje.gov.mk,
Biljana.Manakoska@skopje.gov.mk и
Ivan.Milovanovikj@skopje.gov.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.