Првороденото бебе во Скопје во 2022 година се роди по природен пат, на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство. За родилката Сузана Стошиќ, Михаил е четврто дете, напиша на својот фејсбук профил градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Ја посетивме и Симона Петровски, која на свет ја донесе Теодора, само една минута подоцна, две минути по полноќ.
На двете родилки и нивните семејства им посакуваме здравје и среќа во годините кои претстојат, да се радуваат на успесите на своите деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.