Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров информира дека во завршна фаза влегуваат градежните активности на градинката во Волково. Според динамиката на изведба, истите треба да бидат финиширани во јуни.

-Заедно со Ана Бјерде, потпретседател на Светска банка за Европа и Централна Азија, висока делегација од Светска банка и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска извршивме увид во објектот со интенција да биде пуштен во употреба во септември. Во разговор со министерката, добив ветување за брза реализација на согласностите за вработување за градинката во Волково, но и за објектот „Детелинка“ во У.З. Мирче Ацев кој е подготвен да прими околу 100-тина нови дечиња, вели Стојкоски.

Пуштање во употреба на нови капацитети е еден од начините за намалување на листите на чекање при упис на деца во градинките.

Градоначалникот посочува дека се свесни за проблемот, но работат со забрзано темпо кон подобрување на условите за дечињата во просториите за предучилишна возраст.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.