Градоначланичката на град Скопје, Данела Арсовска, најави решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето во населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци во општината Сарај.
Арсовска истакна дека тој решавањето на тој проблем е меѓу приоритетните проекти на кои во наредниот период ќе се посвети Градот Скопје.
Сегашната состојба на системот за водоснабдување на селата Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци не ги задоволува основните потреби на жителите на овие населени места за снабдување со вода за пиење. Ова е горлив проблем со кој локалните жители секојдневно се соочени и затоа заедно во соработка со Општина Сарај, пристапуваме кон решавање на овој децениски предизвик. Со цел да се надмине сегашната состојба и да се овозможат поквалитетни услови за живеење, Град Скопје и Општина Сарај пристапуваат кон изработка на урбанистичко планска документација за подобрување на водоснабдувањето, според која се планира да се отпочне со изградба на нов систем за водоснабдување – порача градоначалничката Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.