Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје склучија договор за реализирање организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност на кои заради движење им е потребна инвалидска количка и на лица со тешки моторни пречки, со посебно адаптирани возила.

Превозот на корисниците се реализира со посебно адаптирани возила со автоматски управувана рампа за инвалидска количка, рачки за држење, каиши и шипки за закочување на инвалидските колички. Возилата што се сопственост на Град Скопје, се дадени на користење на ЈСП.

Реализацијата на превозот на дестинации на подрачјето на Град Скопје, е во согласност со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во град Скопје, за 2022 година.

Градот Скопје посветено работи на подобрување на пристапноста до градските институции за лицата со потешкотии во движењето, како и на нивната мобилност низ градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.