Снегот не може да биде изненадување во зима. Уште во текот на изминатата ноќ будно се следи ситуацијата за да се овозможи непрекинат тек на извршување на обврските на нашите сограѓани, вели градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Во продолжение следува неговиот Фејсбук статус:
Чистењето на сите улици започна од рано изутрина, при што најголема потреба од интервенции има во селото и населбата Драчево и во Потстаница, заради специфичната конфигурацијата на теренот.
Со камиони и специјални машини за чистење на снежните наноси интервенираме по сите улици, се расчистуваат приодите до училиштата и градинките, како и автобуските постојки.
Ќе се чисти и во сите месни и урбани заедници.
Истовремено, општинските служби реагираат и по пристигнатите пријави од граѓаните за потреба од дополнителни интервенции.
Потсетуваме на контактите на Општина Кисела Вода:
телефонскиот број: 075/309-548 (Далибор),
contact@kiselavoda.gov.mk
или на фејсбук страницата на Општина Кисела Вода кои за граѓаните се достапни 24 часа.
На располагање за неопходните потреби на граѓаните повторно се ставени службените возила на општината.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот за внимателно упраување со возилата, а до сопствениците на деловните објекти да ја исполнат својата законска обврска за расчистување на снегот од пред влезот на објектот.
Ваква обврска имаат и сите други граѓани кои треба да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.