Редовното чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали придонесува на спречување на поплави и се обезбедува чиста животна средина.
Од почетокот на годинава се исчистени 4.000 метри од каналската мрежа.
Исчистени околу 2000 метри од каналот Шамак
Исчистен каналот од ул. „532“ кон сисавец на Главен канал во Марино-Кадино.
Исчистен канал ендек ул. „500“ во н.м Марино во должина од 300 метри.
Во тек се чистат:
Сисавци на канал Азмак во н.м Кадино.
Сисавци на Главен канал во локалната економска зона Марино-Кадино, напиша на Фејсбук, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.