Општина Илинден изминативе месеци почна овде еден голем капитален проекти, а тоа е изградба на фекална канализација, која што е во вредност од над 20 милиони денари, и која што ќе овозможи приклучување на фекална канализација за над 300 домаќинства кои што живеат на овој простор и кој што во иднина исто така би граделе и би имале можност да се приклучат на истата, изјави градоначалникот Александар Георгиевски.

Понатаму ќе следи и изградба и на пречистителна станица во перспектива кога ќе биде завршена фекалната канализација. Исто така сакам да кажам дека проектот е 7.700 метри должина и 330 приклучоци поточно.

Во моментов сакам да кажам дека заедно со претседателот Мицкоски ќе направиме обиколка и на други места во населба Илинден каде што исто така моментално имаме градежна офанзива. Се реконструира улицата 532, остануваат уште 300 метри да се заврши целата во должина од 2.000 метри. Се реконструира и главна водоводна линија која што снабдува седум населени места, во должина од 700 метри, со комплетни нови цевки, полиетенски цевки. Се гради нова улица која што е донација од општествено одговорни компании во должина од 350 метри. Моментално работиме на изградба на нова пречистителна станица во населено место Илинден која што ќе има капацитет за 1.500 жители, односно 350 домаќинства.

Деновиве започнуваме со екстериерното уредување односно на паркинг плац, двор, комплетно новото училиште во вредност од 3 милиони денари кои што исто така ќе го работат општествено одговорни компании како донација за општината.

Се работи на изградба на колекторски систем за поврзување на населените места Илинден и Марино во должина од 1.000 метри, досега се изградени само последниве неколку месеци каде што ќе овозоможат приклучок за над 500 домаќинства во колекторски систем кој што понатаму ќе биде приклучен на нови пречистителни станици.

Во наредниов период ни следува интензивно работење на инфраструктурата, реконструкција на нови улици, патишта, градба на нови места каде што ќе продолжиме со градба на нови канализации. Во Миладиновци исто така ќе се пушти нова пречистителна станица, работиме на пуштање на пречистителна станица и во Кадино. Изградба на нов колекторски систем во населено место Миладиновци, пешачки патеки во наредниов период ќе почнеме да реконструираме. Така да и во моментов се работи и идниот период ќе имаме една силна градежна офанзива во општина Илинден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.