На платен список како надворешен соработник на актуелната скопска градоначалничка Данела Арсовска е и Наталија Ивчева, која за проектот „Ритам на чаршијата“ зема по 55.000 денари месечно.
Според документите со кои распола „Фокус“, една од надворешните соработници со кои склучила договор Арсовска е Наталија Митовска, сопственичка на продукцијата „Трипл Диџит Продакшн“, која од Град Скопје е ангажирана да го реализира проектот „Ритам на чаршијата“ во вкупна парична вредност од 22.764 евра во времетраење од една година.
Според договорот, додека трае проектот, Митова ќе добива по 55.000 денари на месечно ниво.
Можеби на јавноста не ѝ е позната по презимето Митовска, но затоа повеќето ја знаат како Наталија Ивчева, која заедно со својот сопруг Александар Митовски стојат во заднина на порталот „Инфомакс“, каде што предвреме беше објавен текстот за разрешувањето на директорот на „Водовод“.
Познато е дека Арсовска во последните месеци на јавноста ѝ се обраќа преку овој портал, каде што дава отчет за сработеното.
Сепак, Ивчева многу години наназад беше во политиката, поточно низ годините беше член на повеќе партии, ВМРО-ДПМНЕ, па Обединети за Македонија под раководство на Љубе Бошкоски, за повторно да се врати кај вмровците.
Истовремено, во тој период имаше и неколку функции. Но, во последниот период може да се забележат нарушените односи меѓу опозиционерите и Ивчева. Според објавите на порталот „Инфомакс“, тие целосна поддршка ѝ даваат на актуелната скопска градоначалничка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.