Градоначалничката Данела Арсовска и директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Драган Илиевски поставен од нејзе и понатаму го кочат проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје, пишува „Сакам да кажам“, според чии извори претставниците од Градот не се појавуваат на состаноците и разрешен е раководителот на проектната единица за имплементација на проектот.

Поради овие причини, претставнците на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и на Европската инвестициска банка (ЕИБ) кои го финансираат проектот, доставиле писмено известување дека нема да учествуваат во натамошните редовни неделни и месечни состаноци додека Градот и јавното претпријатие не обезбедат соодветни претставници. Тие исто така бараат образложение зошто е сменет раководителот на проектната единица. Тоа значи дека сега проектот е во застој, односно не можат да почнат да се реализираат никакви актвности за да се почне со градба на пречистителната станица.

Целата сторија на СДК



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.