За над 100 отсто повисоки сметки за парно добија скопјани за месец август. Граѓаните кои се јавија во редакцијата на „Сакам да кажам“ се пожалија дека од БЕГ им стигнале сметките за парно, иако месецот не е завршен.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на 29 јули донесе одлука цената на парното да се зголеми за 14%, што е многу помалку од зголемувањето на сметките кои сега ги добиваат граѓаните.
Првпат се случува да добиеме сметки пред да заврши месецот. Ај што стигнаа порано, туку се повисоки за 100%. Зошто стигаат волку високи сметки кога поскапувањето требаше да биде само 14%, прашува еден од граѓаните.
Повеќе тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.