Двајца повредено по силното невреме кое го погоди Скопје, објави Сител.
Според Телевизијата, двете лица се повредени од дрво кое паднало врз нивниот автомобил, додека бил во движење.
Тие се во добра здравствена состојба, а пренесени се во скопските клиники.
Возилото останало заглавено под дрвото, па интевернирале службите на Противпожарната бригада и Итната медицинска помош.
Првиот човек на Центарот за управување со кризи во изјава за Сител го соопшти видот на повредите.
-Најважно за нас што нема загинати, нема ниту посериозно повредени граѓани од денешното невреме. Повеќе од 30 дрва и неколку бандери паднаа во текот на невремето. Некои од нив предизвикаа прекин на сообраќајот. Но, имаме и неколку карактеристични случаи, кога дрво во Бутел падна врз возило во коешто имаше двајца граѓани коишто во овој момент, според информациите што ги имаме, се полесно повредени. Едниот има повреда на главата, другиот на раката и ногата, вели Стојанче Ангелов.
Во Чаир дрво паднало врз постара куќа. Причинета е поголема материјална штета, но во индицентот немало повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.