Oд плоштад во Скопје ќе се набљудува затемнувањето на Сонцето, јавува Скопското астрономско друштво.

Граѓаните ќе имаат можност по подолго време да видат делумно затемнување на Сонцето.

Кај нас, Месечината ќе го прекрије дискот на Сонцето некаде околу 30-тина проценти.

Настанот ќе почне околу 11:30ч, максимумот на затемнувањето ќе се случи околу 12:30ч, а затемнувањето ќе заврши околу 13:30ч.

Во Скопје ќе биде поставен телескоп во центарот на градот на плоштадот. Покрај телескопот, ќе можете да видите и други начини како може да се набљудува Сонцето, без опасност да го оштетите видот. Сите се добредојдени да го видат овој редок феномен на небото.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте никако да го набљудувате Сонцето со голо око или уште полошо со некој оптички инструмент без соодветни филтри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.