На зонските и дел од јавните паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ и на сите паркиралишта во надлежност на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ денеска паркирањето ќе биде бесплатно.
Следејќи ја одлуката на Владата на РСМ за прогласување на 24 април, 2024 год. за неработен ден поради непречено одржување на политичките избори за избор на претседател на државата, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, денеска, 24.4.2024 нема да се врши наплата.
Исто така, наплата нема да се врши и на јавните паркиралишта Тутунски комбинат, Зоил и 8 Септември – информираа од „Градски паркинг“.
Паркирањето редовно ќе се наплатува во катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, како и на јавните паркиралишта Кочо Рацин, Градска болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и клинички центар Мајка Тереза.
Без плаќање денеска граѓаните можат да ги оставаат своите возила на сите паркиралишта на ПОЦ. Оттаму известуваат дека денеска нема да работи дирекцијата на претпријатието лоцирана во катната гаража „Судска палата“ , а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.