Интензивното невреме што го зафати Скопје предизвика многу проблеми, особено во сообраќајот,
Атмосферската канализација на дел од улиците во градот, не можеше да го апсорбира големото количество вода што наврна во краток период, поради што тие улици беа претворени во помали „езерца“.
Таквата состојба предизвика авотомобилите едвај да минуваат низ водата, додека пак, некои, целосно се откажуваа од ризикот да влезат во водата и бараа алтернативан рута да стигнат до дома. Проблем се создаде и за пешаците, кои крајно внимателно се движеа по тротарите, едвај незафатени од водата, во обид да не си ги наводенат обувките или пка, да бидат испрскани од возилата што минуваа крај нив.
По силното невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, се огласија и од Центарот за управување со кризи, од каде информираа дека при налетот на невремето паднале и неколку дрвја, од кои едно врз автомобил во движење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.