Примопредавање на функцијата градоначалник утринава официјално беше извршена во Општина Аеродром. Поранешниот градоначалник, Тимчо Муцунски и заменик-градоначалникот Дејан Митески на работна средба го извршија примопредавањето.
Двајцата функционери ја потенцираа досегашната успешна соработка и истакнаа дека работата на Општината ќе продолжи непречено и во континуитет.
Муцунски се заблагодари за досегашната соработка, притоа потенцирајќи дека Општината продолжува да ја води човек што и досега како претседател на советот давал важен и сериозен придонес во нејзиното функционирање и работење. Тој упати благодарност за поддршката и соработката до целиот тим и општинската администрација. Митески упати благодарност до Муцунски за придонесот за Општината и истакна дека соработката ќе продолжи и во иднина, информираат од Општината.
Тој најави континуитет во работењето и реализација на многу проекти кои ќе донесат подобар живот и подбра иднина во Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.