Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски на својот фејсбук профил го честиташе роденденот на УМС.

УМС ВО СРЦЕ

Првиот Устав на подмладокот на ВМРО е потпишан лично од Тодор Александров во 1922 година. Како помошна организација на ВМРО и како неразделен дел од македонското револуционерно национално ослободително движење се залагала за создавање на самостојна македонска држава, што претставува континуитет со заложбите на старите предилинденски и илинденски организации – Македонската револуционерна организација, Македонскиот таен револуционерен комитет.

Од како е остварен сонот на подмладокот на ВМРО, УМС е главен двигател на младинските политики во независна Македонија !

Голем дел од мојот живот го поминав во УМС, мнугу чувства, случки и чиста љубов се нераскинлив дел од мене кога се во прашање тие денови, тие непроспиени ноќи и таа желба за да ја видам Македонија горда, Бутел достоинствен !

Да живее УМС !



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.