Денес го отворивме новото кошаркарско игралиште со специјална FIBA подлога и сертифицирани FIBA кошеви во дворот на општинското основно училиште “Св. Климент Охридски”, напиша градоначалникот на Бутел на својот фејсбул профил.

Многу голем број на граѓани беа присутни на денешниот настан, голема благодарност во мое лично име, и во името на општина Бутел !

Она што пред само неколку месеци беше обичен бетон, денес е модерно кошаркарско игралиште со врвна опременост. Игралиште кое ќе биде наменето за над 550 основнци но и за сите граѓани на Општина Бутел.

Целата вредност на овој проект изнесуваше 4.231.397 денари. Средства кои беа издвоени од буџетот на Општина Бутел.

Инвестирањето во спортската инфрастеуктура ќе продолжи. Во наредните недели ќе продолжиме со отварање на уште две нови спортски играчишта со специјални подлоги. Едното за кошарка а другото за фудбал.

Го менуваме ликот на Општина Бутел

Модерна, современа, урбана Општина Бутел за сите граѓани

 

Ветеното го реализираме !



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.