Во Чаир ќе биде подигнат мега парк што ќе се протега на просторот на улица „Македонско Косовска Бригада“ од крстосницата со „Втора Македонска бригада“ до крстосницата со „Џон Кенеди“ на површина од 30.000 метри квадратни. Од Град Скопје информираат дека во паркот ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и тревник, две нови спортски игралишта, две нови детски игралишта, две паркови површини за миленици.
Како што се наведува во соопштението на градската администрација, предвидено е изведба и на фитнес дел, 26 нови летниковци, нови урбана опрема, пешачки патеки и фонтани, со што паркот треба да биде место кое ќе придонесе за подобар квалитет на животот, животната средина и ќе биде катче во кое жителите ќе имаат содржини за прошетка и рекреација во слободното време.
Посветено се работи за постепено исполнување на ветувањето за пет нови мега паркови, површини и дополнителни содржини, како една од бројните мерки кои меѓусебно се надополнуваат, Скопје да го решава долгорочно предизвикот со загадувањето. Со новите паркови кои се предвидени и во Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода и мега паркот кој е во завршна фаза во Ѓорче Петров, активно се работи на реализација на ветеното за пет мега паркови и нови зелени површини и садници, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.