Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани. На 14, 16 и на 17 април – петок, недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, информираат денеска од ова претпријатие.

Согласно програмата за неработни денови за 2023 година на Министерството за труд и социјална политика, сабота е работен ден и следствено на тоа, паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието, ќе работат со вообичаено работно време. Депото на „пајак“ службата ќе работи 24/7 за време на празниците, се посочува во соопштението со честитка за празниците.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во дирекцијата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе продолжи во вторник со вообичаено работно време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.