Советот на општина Гази Баба на предлог на градоначалникот Бобан Стефковски донесе Одлука за ослободување од плаќање месечен надомест за престој на деца во градинка на социјалните и многудетните семејства.
Одлуката за ослободување од плаќање месечен надомест за престој на деца во градинка важи за следните категории родители:
-Родители на три деца запишани во градинка, се ослободуваат од плаќање месечен надоместок за престој за едно дете;
-Самохран родител со примања до една минимална плата или со останати приходи во износ до една минимална плата се ослободува од плаќање месечен надоместок за престој на детето/децата;
-Двајца родители без приходи или самохран родител без приход (невработени лица) се одлободуваат од плаќање месечен надоместок за престој на детето/децата;
-Двајца родители од кои еден е без приходи (невработено лице), а другиот родител со примања до една минимална плата или со останати приходи во износ до една минимална плата се ослободуваат од плаќање месечен надомест за престој на детето/децата;
-Родител на деца со категоризација за потешкотии во развојот на детето/децата, се ослободуваат од плаќање надомест за престој на детето/децата.
Во услови на сериозна економска криза како одговорна општина ја имплементираме оваа мерка за поддршка на социјално загрозените и многудетните семејства. Дополнително преку оваа мерка создаваме услови на еднаквост на децата и се овозможуваме секое дете да има можност да помине период во градинка во својата предучилишна возраст. Ги повикувам граѓаните да ја искористат оваа можност, напиша градоначалникот на Гази Стефковски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.