Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска поради државниот празник Св.Кирил и Методиј, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Како што посочуваат од ЈСП Скопје, дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.

Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што од 19:00 до 19:30 часот е последно возење кон врвот, односно во 19:45 часот надолу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.