Над 200 волонтери на денешните активности за чистење опфатија голем број локации на планината Водно. Упатувам благодарност до претставниците на дипломатските претставништва, приватниот сектор, волонтерите од Градот Скопје, средношколците, општините Гази Баба и Кисела Вода и вклучените јавни претпријатија. Значајно е да се нагласи дека партнерите во оваа акција ќе извршат селекција на собраниот отпад од Водно, а дополнително, за секои 10 килограми собран отпад ќе биде засадено по едно дрвце.
Заштитата на животната средина е приоритет на Град Скопје. Во наредниот период планирано е Градот да организира и се вклучи во голем број еколошки акции за чистење и заштита на животната средина. Овие еколошки акции се еден од приоритетите на Градот Скопје, преку вклучување на граѓаните како волонтери, јавниот и приватниот сектор, затоа што со заеднички активности може да се постигне голем напредок во подигање на јавната свест за почиста животна средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.