Заклучокот на ЗЕЛС е да се најде решение со разговор затоа што имаме две разумни страни кои ќе најдат решение на проблемот. Доколку нема разговор, вториот заклучок кој го донесе ЗЕЛС е радикализација. Треба да разбереме дека имаме 81 општина од кои повеќето се мали, рурални кои што немаат начин како да генерираат повеќе средства. Нивното функционирање, начинот на којшто работат и постојат е доведено во опасност од оваа ситуација, а неизвесно е истата до кога ќе трае. За да може нешто да се направи, треба на овие луѓе да им се помогне. Инициравме и разговаравме за тоа, доколку пред некоја година се покриле 51% од долговите на општините кои биле генерирани од несоодветно менаџирање или од непродуктивни трошења, сега треба да се помогне кога сме во енергетска и економска криза – истакна градоначалничката Данела Арсовска и претседателка на ЗЕЛС при гостувањето во Економски магазин на Алсат телевизија.

Доколку не добиеме помош од централната власт ќе добиеме целосна нефункционалност на малите општини. Тие веќе го имаат потрошено буџетот предвиден за електрична енергија со сметки за два месеци. Ситуацијата и со јавните комунални претпријатија е до толку алармантна што прекинот на електрична енергија директно влијае и може да доведе до прекин и на водоснабдувањето. Затоа треба уште еднаш убаво да се размисли како ќе се реагира, затоа што ова се јавни услуги кои се од интерес пред се за граѓаните. Ние не зборуваме само за јавни претпријатија или општини, ние зборуваме за граѓаните на овие општини- потенцираше Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.