Скопската градоначалничка Данела Арсовска воопшто не побарала од сега веќе разрешениот директор на Водовод и канализација Златко Перински да ја разреши Комисијата за еволуација за тендерот за пречистителната станица. Таа само го информирала дека на местото на членовите назначува други членови.
Ова може да се види од документот достапен на социјалните мрежи, заведен со архивски број во архивата на ЈП Водовод, а испратен од градоначалничката до директорот.
Европската инвестициска банка за тендерот за изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје поради кој градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го разреши директорот на ЈП Водоводот, Златко Перински, потенцира дека секој обид за ревидирање на стратегијата за набавки без оправдување во оваа фаза или неусогласеност со важечките принципи за доверливост, ќе предизвика одложување во процесот на набавка и ќе ја загрози достапноста на средствата.
Ниту новиот в.д. директор на ЈП Водовод Марјан Митовски од назначувањето до денес не ја сменил Евалуационата комисија за тендерот за пречистителната станица. Ниту Арсовска побарала такво нешто од него.
Новиот директор потврдува дека и тој продолжува по стапките на Перински.
Нема никакви промени во евалуационата комисија, процедурата воопшто не е запрена и тендерот си продолжува по старо. До сега од мене градоначалничката Арсовска не побарала да правам смена на членови. За тоа што побарала претходно не можам да коментирам. Од мене не е побарано да ја сменам комисијата, ВЕЛИ Митовски.
Новиот директор претходно членувал во евалуационата комисија на овој тендер, но се изземал кога е назначен за в.д., како што потврди самиот.
Веднаш по стапувањето на функцијата се изземав од евалуационата комисија затоа што претставува конфликт на интерес да бидам и в.д. директор и член на комисијата. Нема назначено нов член на мое место, затоа што има заменик член кој ја презема мојата работа, одговорил Митовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.