Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска одржа координативен состанок со градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претставници на урбаните заедници од општината Карпош. На средбата присуствуваа и претставници на јавните градски претпријатија и на администрацијата на Град Скопје.
Тимовите од Град Скопје воспоставиja месечна соработка со Општината Карпош за да се запознаат со сите предизвици што ги имаат граѓаните и за да се одговори на нивните барања кои во најголем дел се од областа на сообраќајот, уредувањето на просторот со зеленило и комуналната хигиена. Изнесените барања од граѓаните ќе бидат дел од акцискиот план со проекти кои Градот Скопје ќе ги реализира во населените места во оваа општина.
Претставници од Град Скопје и од јавните градски претпријатија веќе почнаа теренски активности за целосна проценка на состојбата со населбите во Општина Карпош, која ја сочинуваат 13 урбани и 1 месна заедница.
Градоначалничката Данела Арсовска и тимови од Град Скопје во изминатиот период остварија средби со претставниците на месните и урбаните заедници од скопските општини. Целта на оваа активност на Град Скопје е да се излезе во пресрет на реалните проблеми на граѓаните и да се овозможи брз и рамномерен раст и развој на сите општини и населени места во нив, подеднакво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.